ЗГРАДАТА НА ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ЗЕЛЕН ПОКРИВ

    ЗГРАДАТА НА ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ЗЕЛЕН ПОКРИВСо зеленило ќе се уреди површина од околу 400 метри квадратни.(Фото:Град Скопје)

    Град Скопје со поддршка на УНДП почна со изградба на зелен покрив на зградата на Дом на градежници во Скопје. Ова е втор зелен покрив кој се прави во центарот на главниот град, по оној на Градскиот трговски центар. Целта на проектот е заштита на животната средина, создавање на подобро место на живеење и подобар квалитет на живот.

    „Ќе се постават десетици дрвца, тревна површина и вертикално зеленило надополнето со клупи и друга урбана опрема. Околу целата ограда ќе биде поставен дрворед од густи дрвја со намера да не им  пречат посетителите на покривот на граѓаните во околните згради. Со создавањето на ново зелено место се очекува температура во летниот период да биде намалена до 3 степени” , рече Никола Наумоски шеф на кабинет на градоначалникот Петре Шилегов.

    Претставничката на УНДП на Македонија, Сања Бојаниќ истакна дека овие 390 метри квадратни засадени со над 30 различни растенија ќе имаат дополнителен придонес во реализацијата на проектот „Отпорно Скопје”.

    Оваа инвестиција чини вкупно 18,5 милиони денари.

    К. СЕЛАМОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира