ЖЕРНОВСКИ ЌЕ ЈА КАЗНИ „БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП“ СО 9.000 ЕВРА ЗА ПРОПАДНАТИОТ АСФАЛТ НА НАРОДЕН ФРОНТ

    ЖЕРНОВСКИ ЌЕ ЈА КАЗНИ „БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП“ СО 9.000 ЕВРА ЗА ПРОПАДНАТИОТ АСФАЛТ НА НАРОДЕН ФРОНТ14 дрвја од дрворедот на Народен фронт привремено се преместени на други локации, а Општината најави дека ќе ги врати кога ќе заврши менувањето на топловодите

    Скопската Општина Центар ќе ја казни со 9.000 евра компанијата „Балкан Енерџи Груп“ (БЕГ), која стопанисува со топловодната мрежа, оти не ј вратила улицата Народен фронт во првобитна состојба по менувањето на цевките за подобрување на греењето. На делови од Народен фронт уште зјаат дупки, а онаму каде што се покриени, асфалтот е пропаднат па не може да се користи.

    „БЕГ (‘Балкан Енерџи Груп’), која врши менување на топлотните цевки долж улицата Народен фронт, не го почитува Законот за градење и Правилникот за прекопи донесен од Општина Центар. Жителите на околните згради на улицата Народен фронт, но и други минувачи се пожалија до градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски за катастрофалната состојба во која се наоѓа улицата. Изведувачот само ја истампонирал улицата и ставил асфалт и затоа, досега направениот дел е пропаднат. Надлежниот градежен инспектор на Општина Центар донесе решение согласно законот и правилникот, БЕГ улицата да ја врати во првобитна состојба. Доколку не се постапи по ова решение, следуваат казни согласно Законот за градење, 9.000 евра во денарска противвредност за правното лице и глоба од 30% од одмерената казна за правното лице да му се изрече на одговорното лице“, велат од Општина Центар.

    БЕГ почна да ги менува цевките за градското парно во февруари годинава оти биле стари и дотраени. За да можат да ги извршуваат градежните активности преместени се 14 дрвја од дрворедот покрај улицата. Засадени се привремено во Паркот на новинарите, спроти поранешна НИП „Нова Македнија“, и во Градски парк. Најавите беа дека по завршување на градешните активности, дрвјата ќе бидат вратени на истите места.
    Најавениот рок од БЕГ за завршување на градежните активности истекува утре. Компанијата најави дека заклучно со јуни ќе го заврши менувањето на цевките.

    Од БЕГ нема реакција за пропаднатиот асфалт, а луѓето кои се јавуваат на фиксните телефони се претставуваат како ненадлежни да даваат изјави, но велат дека на Народен фронт уште не завршиле со работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира