ЖЕРНОВСКИ НАПИША ВТОРА КАЗНА ЗА ИЗВЕДУВАЧОТ НА УЛИЦАТА НА КЕЈ 13 НОЕМВРИ, ГРАДБАТА ПРОДОЛЖУВА

    ЖЕРНОВСКИ НАПИША ВТОРА КАЗНА ЗА ИЗВЕДУВАЧОТ НА УЛИЦАТА НА КЕЈ 13 НОЕМВРИ, ГРАДБАТА ПРОДОЛЖУВАУвид во состојбата на терен на нелегалното градилиште направиле градоначалникот Андреј Жерновски и овластен градежен инспектор на Општина Центар, а изведувачот доби уште една казна за необележано градилиште

     

    Изведувачот на спорната улица која го пресече шеталиштето на Кеј 13 Ноември денес доби уште една казна за необележано градилиште. Увид во состојбата на терен на нелегалното градилиште направиле градоначалникот Андреј Жерновски и овластен градежен инспектор на Општина Центар.

    „Инспекторот констатираше дека градилиштето не ги исполнува предидените  законски норми, не е заградено, не е обезбедено и нема видливо поставена табла на која стојат податоците за инвеститорот, изведувачот, надзорот и што се гради. Овластениот градежен инспектор напиша казна за фирмата изведувач ’Блерофикс’ ДОО Скопје. Во времето кога инспекторот вршеше надзор над градилиштето, сите вработени кои дотогаш беа тука и работеа, побегнаа и не се вратија“, соопшти Општина Центар.

    Сообраќајницата на Кејот во неделата во пет часот утрото почна набрзина да се гради и до вечерта веќе беше поплочена целата траса од рампата кај хотелот „Холидеј Ин“ до каруселот кај зградата на „Телеком“. На поплочувањето работеа педесет работници, а во градењето не ги поколеба и предупредувањето од овластениот градежен инспектор дека градилиштетот не е соодветно обележано.

    Изведувачот се повикал на одобрението за градење од Град Скопје и објаснил дека нема да престане со градежните работи сè додека не добие решение за запирање на градбата. Општина Центар најави дека ќе изготви решение, но тоа не го направи до крајот на денот, а не го направи ниту денес.

    Изградбата на улица среде шеталиштето почна на 18 март годинава. Изведувачот и тогаш за време на викенд се појави на Кејот, постави зелена ограда и работниците почнаа да ги вадат плочките, но кафеанџите им се спротивставија и не дозволија да продолжат со работа. На терен и тогаш излезе овластен градежен инспектор од Општина Центар, утврди дека нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор, нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи и ја стопираше изградбата.

    Два дена подоцна, на вонредна седница, Советот на Општина Центар донесе одлука со која место улица со посебен режим на сообраќај на шеталиштето се предвидуваат клупи, жардиниери и корпи за отпадоци, истаtа недела на редовна седница Советот го поништи планот Мал ринг, во согласност со кој е издадено одобрението за градење на улицата. Општината информираше дека, по поништувањето на планот, побарала од Град Скопје да ја поништи дозволата за градба и да се прекинат сите активности кои се спротивни  на законот и волјата на граѓаните.

    Град Скопје се изјасни дена нема правен оснoв да го направи тоа.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира