Жител на кавадаречко село е осуден затоа што со помош на пријател прикажал на социјалните мрежи како има секс со магаре. За ова тој е осуден на парична глоба од 400 евра за кривичното дело „Задоволување на полови страсти пред друг“. Обвинетиот не се жалел и пресудата е правосилна. Настанот се случил на 5 март годинава, околу 12.30 чaсот, во близина на фудбалско игралиште на селото каде живеел.
„Обвинетиот маж вршел полово дејствие заради задоволување на своите полови страсти врз домашно животно – магаре, пред друго лице, кое со мобилен телефон го снимал половото дејствие и потоа снимката ја препраќал на други лица и јавно ја објавил на Фејсбук“, пишува во обвинението со предлог за издавање на казнен налог.
Судијата во образложението за пресудата констатирал дека кривичното дело се состои во вршење полово дејствие пред друг на јавно место, со што е прекршен половиот морал и правилниот развиток на децата. По ова, во Основен суд Кавадарци изречена е парична казна од 40 дневни глоби во вредност од по 10 евра, или вкупно 400, во денарска противвредност.
П. ПЕЧКОВ