ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР САКААТ ПОСКАП ПАРКИНГ, ПАЗАРЏИИТЕ СЕГА НЕ МОЖАТ ДА ПРАВАТ МАНИПУЛАЦИИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ПОЦ КИЧЕВСКИ

    ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР САКААТ ПОСКАП ПАРКИНГ, ПАЗАРЏИИТЕ СЕГА НЕ МОЖАТ ДА ПРАВАТ МАНИПУЛАЦИИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ПОЦ КИЧЕВСКИКичевски вели дека пазарџиите манипулираат со јавноста дека ќе им се намали прометот, всушност тие со новиот систем нема да можат да прават малверзации.(Фото: ПОЦ)

    ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) не отстапува од одлуката за поскап паркинг и покрај протестите на пазарџиите од Зелен пазар. Директорот Васко Кичевски вели дека жителите на околните згради ја поддржуваат одлуката за повисоки цени бидејќи тие како жители немаат место каде да се паркираат.

    „Станарите вчера ни рекоа доколку ги прифатиме барањата на пазарџиите и ги намалиме цените, тие ќе излезат на протести. Ние оваа одлука ја донесовме со цел да овозможиме услови за хумано живеење на граѓаните и да ги дестимулираме граѓаните да користат возила. Не може центарот да биде паркинг“, вели Васко Кичевски директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“.

    Кичевски вели дека пазарџиите манипулираат со јавноста дека ќе им се намали прометот, всушност тие со новиот систем нема да можат да прават малверзации.

    „Не може паркингот да се користи за простор на нивните камиони и комбиња со кои ја носат стоката што ја продаваат. Нашите податоци покажуваат дека за разлика од лани во месец јануари само за 10 отсто е намален брот на паркирани возила“, вели Кичевски.

    Според одлуката донесена од Советот на Општина Центар за 20 денари е зголемена цената на сите зонски паркиралишта на територијата на општина Центар. Со тоа сега во строгиот центар на Скопје паркирањето е 70 денари.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари