ГРИЗМАН СЕКОГАШ ИГРА СО ДОЛГИ РАКАВИ ОТИ САКА ДА БИДЕ КАКО БЕКАМ

    ГРИЗМАН СЕКОГАШ ИГРА СО ДОЛГИ РАКАВИ ОТИ САКА ДА БИДЕ КАКО БЕКАМ

    Антоан Гризман беше единствениот фудбалер во француската репрезентација по долги ракави во полуфиналниот натпревар на Европското првенство во Франција против Германија.
    Напаѓачот на Атлетико Мадрид често експериментира со изгледот и важи за модна икона во фудбалот. Уште од почетокот на Европското првенство, француските навивачи се прашуваа зошто Гризман игра во дрес со долги ракави, кога температурата често беше и над 30 степени целзиусови. Одговорот е едноставен, Гризман сака да изгледа како својот идол Дејвид Бекам, кој беше препознатлив по долгите ракави.
    Францускиот фудбалер го откри тоа во интервју за магазинот „Џи-Кју“, а кажа и дека го носи бројот 7 во чест на поранешниот англиски репрезентативец.
    Гризман вечерва ги постигна двата гола за Франција во победата од 2:0 над Германија во полуфиналето на „Велодром“ во Марсеј. Во финалето в недела во Париз, Гризман и Франција ќе играат против Португалија на Кристијано Роналдо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари