КАН ГО ИСКАРА РОНАЛДО: НЕ ТИ ЛИЧИ НА ГОДИНИТЕ

    КАН ГО ИСКАРА РОНАЛДО: НЕ ТИ ЛИЧИ НА ГОДИНИТЕ

    Легендарниот германски голман Оливер Кан го искритикува однесување на големата фудбалска ѕвезда, Португалецот Кристијано Роналдо.
    Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен вечерва беше стручен коментатор на германската телевизија ЦДФ за натпреварот на Португалија против Исланд (1:1) на Европското првенство во Франција, на кој настапи Роналдо.

    kristijano-ronaldo-2

    Кинењето на дресот е само маркетингшки трик, вели Оливер Кан

    „Како што старее еден играч, мора да биде свесен за тоа. Здодевно е цело време да ги гледаме истите слики. Претерува со самопромоцијата и позирањето. Кога (Роналдо) го постигна победоносниот пенал во финалето на Лигата на шампиони го искина дресот само за да направи маркетингшки трик. Го сакам како играч, но во одреден момент од фудбалската кариера како што старееш, треба да почнеш да се однесуваш поинаку“, изјави Кан во текот на преносот.
    Кристијано Роналдо, кој од 2009 година го носи дресот на Реал Мадрид, во февруари наполни 31 година. Во кариерата настапуваше и за Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон, а има освоено три „Златни топки“ за најдобар светски фудбалер. Сезонава ја заврши како европски првак со Реал Мадрид, откако во финалето на Лигата на шампиони го реализираше последниот пенал против Атлетико Мадрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари