МУРИЊО ГО ПРОСЛАВИ ТРИУМФОТ НА ПОРТУГАЛИЈА ВО ПИЖАМИ

    МУРИЊО ГО ПРОСЛАВИ ТРИУМФОТ НА ПОРТУГАЛИЈА ВО ПИЖАМИ

    Жозе Мурињо ја прослави победата на португалската фудбалска репрезентација во финалето на Европското првенство во Франција по пижами во хотелот „Лоури“ во Манчестер.
    Славниот португалски тренер, кој почна да ги подготвува фудбалерите на Манчестер јунајтед за новата сезона во Премиер лигата, објави фотографија со шал од Португалија, додека Кристијано Роналдо и соиграчите го креваа шампионскиот пехар на „Стад де Франс“ во Париз по победата од 1:0 над домаќинот.
    „Ако сакате да ја посетите земјата на европскиот шампион, посетете ја Португалија“, напиша Мурињо до фотографијата.
    53-годишникот имаше исполнет ден вчера, откако првин го гледаше финалето на Вимблдон од трибините на централниот терен, а потоа се врати во хотелот да го следи натпреварот на неговата репрезентација на Европското првенство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари