РОНАЛДО СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ ПЛАЧЕ ОД СРЕЌА ВО НЕДЕЛА

    РОНАЛДО СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ ПЛАЧЕ ОД СРЕЌА ВО НЕДЕЛА

    Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо пред 12 години плачеше по поразот од Грција во финалето на Европското првенство на домашен терен и сега се надева дека повторно ќе плаче по финалето во Париз во недела, но овојпат од среќа.
    Капитенот на португалската фудбалска репрезентација постигна еден гол во синоќешната победа од 2:0 над Велс во првото полуфинале на Европското првенство во Франција.
    „Тимот одигра фантастично. Се надевам дека во недела ќе ме гледате како плачам од радост. Отсекогаш сум сакал да освојам нешто со Португалија. Играм на највисоко ниво во последните 13 години, статистиката не лаже“, изјави 31-годишникот по триумфот во Лион.
    Со голот против Велс, Роналдо го израмни рекордот на Французинот Мишел Платини од девет погодоци на европските првенства.
    Во финалето, Португалија ќе игра против победникот од вечерашното полуфинале помеѓу Германија и Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари