РОНАЛДО СЕ ПОФАЛИ СО НОВИОТ ЧАСОВНИК ОД 4.000 ФУНТИ ДОДЕКА СЕ РЕЛАКСИРАШЕ ВО ФРАНЦИЈА

    РОНАЛДО СЕ ПОФАЛИ СО НОВИОТ ЧАСОВНИК ОД 4.000 ФУНТИ ДОДЕКА СЕ РЕЛАКСИРАШЕ ВО ФРАНЦИЈА

    Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо беше прогласен за најплатен спортист во светот од „Форбс” со заработка од 88 милиони долари минатата година, од кои повеќе од една третина му се од спонзорски договори.

    Ѕвездата на Реал Мадрид се релаксираше пред вечерниот дуел против Полска на Европското првенство во Франција и се пофали со новиот часовник од 4.000 фунти.

    Роналдо, кој е посакуван клиент на секој маркетинг агент, објави фотографија со луксузниот часовник „Таг Ојер” на социјални мрежи додека уживаше во кусиот одмор помеѓу тренинзите во Франција.
    31-годишникот вечерва (21ч.) во Марсеј ќе ја предводи Португалија против Полска во обидот да се пласира помеѓу најдобрите четири фудбалски селекции во Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари