ЧИЧАКОВСКИ: АКО ИМА И ЕДЕН СПОРЕН ГЛАСАЧ, НЕ ГО ПОТПИШУВАМ ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:291:"ЗасеганесезнаекоиќебидатпонатамошнитечекоринаДржавнатаизборнакомисијазатоаштојавнатаседницазавршибеззаедничкаизјаваилипрес-конференција";s:9:"td_source";s:54:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК,МЕТА)

    ЧИЧАКОВСКИ: АКО ИМА И ЕДЕН СПОРЕН ГЛАСАЧ, НЕ ГО ПОТПИШУВАМ ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

    „Ако остане само еден спорен гласач, нема да го потпишам избирачкиот список“, изјави на крајот на  денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) претседателот  Александар Чичаковски. Тој апелираше до сите институции да соработуваат со ДИК за да може членовите на Комисијата да дадат попрецизна проценка за тоа дали може да има прочистен избирачки список

    Државната изборна комисија (ДИК) со осум гласа „за“ и ниту еден „против“ го изгласа извештајот за досегашната обработка на спорните гласачи опфатени со вкрстена и со теренска проверка.

    Како што соопштија од ДИК, од 87.128 лица кои теренски беа проверувани, 37.435 лица не биле пронајдени дома.

    ДИК побарала од избирачкиот список да се избришат околу 4.000 лица, за кои според евиденцијата на МВР и матичната евиденција е потврдено дека се починати.

    Од МВР сè уште не се докрај обработени податоците на повеќе од 100.000 лица кои се појавија како спорни по вкрстената проверка.

    Членовите на ДИК од СДСМ сметаат дека избирачкиот список не е прочистен, додека за членовите од ВМРО-ДПМНЕ останува само уште малку работа.

    Засега не се знае кои ќе бидат понатамошните чекори на Државната изборна комисија затоа што јавната седница заврши без заедничка изјава или прес-конференција на претседателот Александар Чичаковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари