ДИК: ИЗБОРИТЕ ЌЕ ЧИНАТ 7,5 МИЛИОНИ ЕВРА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ДИК: ИЗБОРИТЕ ЌЕ ЧИНАТ 7,5 МИЛИОНИ ЕВРА

    Седум и пол милиони евра (456,664 милиони денари) е буџетот со кој ДИК ќе ги реализира изборните активности, изгласаа синоќа членовите на Комисијата, со што го усвоија финансискиот план за распределба на средства за предвремените парламентарни избори.

    Најголем дел од парите, односно 40 милиони денари, ќе бидат наменети за печатење ливчиња, обрасци, записници и упатства.

    За печати, перничиња, УВ-ламби и спреј, сигурносни ленти и за паравани, буџетот изнесува 9,2 милиони денари, за транспорт се потребни 9 милиони денари, печатењето на избирачкиот список изнесува 4 милиони денари, транспортот на членови на избирачки одбори во ДИК за денот на гласањето изнесува 25 милиони денари, а транспортот на доверлив и на недоверлив материјал чини 7 милиони денари.

    ДИК не го прифати избирачкиот список од Министерството за внатрешни работи, потпишан само од дополнителниот заменик-министер Митко Чавков, затоа што не бил во потребниот формат за да може да се споредат податоците. МВР ќе треба дополнително да достави список во бараниот формат.

    На седницата не присуствуваа Виолета Дума и Игор Милев, членови на ДИК предложени од СДСМ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари