ГЕРМАНИЈА ОСТАНУВА НА СТАВОТ КВАЛИТЕТНИ ИЗБОРИ ПОВАЖНИ ОД ДАТУМ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕРМАНИЈА ОСТАНУВА НА СТАВОТ КВАЛИТЕТНИ ИЗБОРИ ПОВАЖНИ ОД ДАТУМ

    Има уште многу работа, а времето е кратко до 5 јуни за да се исполнат сите услови за фер и кредибилни избори, вели германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер во интервју за Радио Слободна Европа.

    Нашата гледна точка е дека квалитетот на изборите е круцијален, тоа е клучно, тоа можам да го повторам. Нашиот фокус ќе остане на важните прашања, како што е медиумската средина која треба да им ја даде на гласачите информацијата што им е потребна, квалитетот на избирачкиот список, и воздржување од политичка манипулација врз гласачите и гласањето.

    Таа додава дека преговорите за медиумите и соработката со медијаторот од ЕУ Питер Ванхауте завршија, но дека процесот треба да биде рестартиран.

    „Тоа што комесарот Хан го изјави, а Германија во целост го поддржува тој став, е дека квалитетот на изборите е побитен од датумот, и квалитетот ќе биде измерен врз основа на критериумите кои беа наведени во заедничкото писмо од амбасадорите на ЕУ и САД од 19 февруари годинава. Нашата гледна точка е дека квалитетот на изборите е круцијален, тоа е клучно, тоа можам да го повторам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари