ХОЛАНДИЈА СМЕТА ДЕКА ВРАЌАЊЕТО НА ДОВЕРБАТА Е ПОВАЖНО ОД ИЗБОРИТЕ

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:335:"ХоландијакакопретседавачнаЕУгиповикамакедонскитепартиидапомогнатдасевратидовербатавоинституциитеидајапочитуваатнезависностанаДИКинаСЈОинанивнитеодлуки ";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ХОЛАНДИЈА СМЕТА ДЕКА ВРАЌАЊЕТО НА ДОВЕРБАТА Е ПОВАЖНО ОД ИЗБОРИТЕ

    Холандија, земјата која во овие 6 месеци претседава со ЕУ, ги повика македонските партии да помогнат да се врати довербата во институциите и да ја почитуваат независноста на ДИК и на СЈО и на нивните одлуки.

    Како што за САКАМ ДА КАЖАМ.МК изјави холандскиот амбасадор во Македонија Ваутер Пломп, „изборите беа еден од важните елементи и на Договорот од Пржино, но уште поважно е враќањето на довербата. Токму поради тоа Договорот од Пржино го става акцентот на независните институции: воспоставувањето на Специјалното јавно обвинителство и зајакнувањето на Државната изборна комисија. Од клучна важност е сите партии да ја почитуваат нивната независност и нивните одлуки.“

    „Сите чинители треба да најдат начин да работат заедно за доброто на оваа држава и нејзината Евро-Атлантска интеграција. Западен Балкан е повторно во центарот на вниманието на Европа поради мигрантската криза. Истовремено, суштинските препораки дадени од Сениорската експертска група, познати во јавноста како Извештајот на Прибе, немаат изгубено од својата важност, и ќе служат како основа за секоја нова препорака од ЕУ, заедно со начинот на кој ќе се одржат предвремените избори. Холандија како претседавач со Советот на Европската унија, но и како држава која ја поддржува Македонија од нејзиното осамостојување се надева дека таа наскоро ќе се врати на патот кон добивање полноправно членство во ЕУ и НАТО“, вели амбасадорот Пломп.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира