ИЗБОРИТЕ ВИСАТ: МВР ТРЕБА РАЧНО ДА ПРОВЕРИ УШТЕ 115.000 ДОСИЕЈА

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:177:"ПопладневовоДИКбилеминистеротзавнатрешниработиОливерСпасовскиизаменикотМиткоЧавков";s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИЗБОРИТЕ ВИСАТ: МВР ТРЕБА РАЧНО ДА ПРОВЕРИ УШТЕ 115.000  ДОСИЕЈА

    МВР треба рачно да провери уште околу 115.000 досиеја (лични карти, пасоши, возачки дозволи и други лични документи) за 71.793 лица за кои се откриени спорни записи во избирачкиот список, дознава неофицијално САКАМДАКАЖАМ.МК. Овој податок произлегол од теренската проверка на избирачкиот список. Според извори од Државната изборна комисија(ДИК), до вечерва се проверени само околу 20.000 досиеја што Комисијата ги вратила во МВР на административна проверка.

    Проверката треба да заврши денеска, а утре треба да има јавна седница на ДИК од која ќе произлезе дали ќе има избори на 5 јуни. Не се знае дали утре ДИК ќе ја одржи оваа седница.

    Попладнево во ДИК биле министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменикот Митко Чавков. Тие ги информирале членовите на Комисијата  дека од рачната проверка на околу 115.000 досиеја,  досега се проверени само 20.000, и дека за проверката на останатите досиеја ќе треба уште многу време.

    Љупка Гогуческа, советник во ДИК вечерва ни изјави дека се уште нема официјални информации за следните чекори на Комисијата околу теренската проверка. Според рокот што си го даде ДИК, таа требаше да заврши вчера.

    Членовите на Комисијата, заедно со водачите на екипите и советниците се уште се во просториите на ДИК.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари