ОБСЕ ЌЕ ЈА НАБЉУДУВА И ТЕРЕНСКАТА ПРОВЕРКА

a:3:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:11:"td_subtitle";s:234:"НабљудувачитенемадаодатнатерензаедносоанкетаритенаДИК,тукуќеправатконтроланапополнетитепрашалнициодграѓаните";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОБСЕ ЌЕ ЈА НАБЉУДУВА И ТЕРЕНСКАТА ПРОВЕРКА

    Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) покрај изборниот процес, ќе ја набљудува и теренската проверка на спорни гласачи. Државната изборна комисија (ДИК) вчера донесе одлука ОБСЕ, заедно со граѓанските организации “МОСТ” и “Синергија”, да се вклучат во контрола при проверка на Избирачкиот список.

    Љупка Гугуческа, советник во ДИК за САКАМДАЖАМ.МК вели дека Комисијата веќе го испратила кодексот за набљудување до организациите.
    “Сега очекуваме организациите да ни испратат листи со набљудувачи за да можеме ние да им направивме легитимации за контрола на теренската проверка”, изјави Гугуческа.
    Таа нагласува дека набљудувачите нема да одат на терен заедно со анкетарите на ДИК, туку ќе прават контрола на пополнетите прашалници од граѓаните.
    “Тие ќе седат во подрачните канцеларии на Комисијата, и ќе ги контролираат контролорите што ќе ги проверуваат прашалниците и ќе ги внесуваат во електронска апликација на ДИК, за да може потоа Комисијата да ги следи дневните извештаи од теренската проверка”, рече Гугуческа.
    Гугуческа додаде дека веќе е направен прв пресек од вчерашната проверка на спорни гласачи, за што ДИК допрва ќе ја информира јавноста.
    ДИК вчера ја почна теренската проверка на 87.362 граѓани во сите општини во државата. Според информациите на Комисијата, Општина Чаир во Скопје води со 17.041 запис со податоци за спорни гласачи.

    Проверката на сите спорни записи треба да заврши до трети април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари