ОД ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ЌЕ СЕ ИЗБРИШАТ САМО ПОЧИНАТИТЕ 1.135 ГЛАСАЧИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ЌЕ СЕ ИЗБРИШАТ САМО ПОЧИНАТИТЕ 1.135 ГЛАСАЧИ

    Државната изборна комисија го усвои роковникот за избори на 5 јуни.

    Од избирачкиот список ќе се избришат само 1.135 лица за кои е утврдено дека се починати.

    Претставниците на СДСМ во ДИК, Виолета Дума и Игор Милев, кои вчера демонстративно ја напуштија седницата на која се гласаше за прочистувањето на избирачкиот список и дали се исполнети условите за одржување на изборите и денеска не се појавија на седницата. Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски кој вчера исто така ја напушти седницата, денеска рече дека останува на својот став дека избирачкиот список не е подготвен за избори, ама денеска присуствувал на седницата за да може технички да се одржи.

    Според одлуката на ДИК, избирачкиот список јавно ќе биде објавен на 25 април. Проверката на списокот ќе трае 15 дена, а ќе биде затворен на 19 мај. Според роковникот, кандидатските листи на партиите ќе треба да се заклучат до 11 мај, а на 16 мај и официјално ќе почне изборната кампања.

    Комисијата побара од Министерството за внатрешни им се достават материјали за сомнителни гласачи, но од МВР велат дека не се во можност до 5 јуни да ги направат проверките на сите податоци.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари