ОСЛОБОДЕНИОТ ИЗБИРАЧКИ СПИСОК УШТЕ НЕ Е ДОСТАПЕН НА ВЕБ СТРАНАТА НА ДИК

a:2:{s:16:"td_post_template";s:19:"single_template_USA";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОСЛОБОДЕНИОТ ИЗБИРАЧКИ СПИСОК УШТЕ НЕ Е ДОСТАПЕН НА ВЕБ СТРАНАТА НА ДИК

    Уште ја нема електронската апликација за непречен пристап во Избирачкиот список на веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК), преку која граѓаните можеа слободно да влезат и да го гледаат целиот список на гласачи. Управниот суд уште на петти овој месец донесе одлука дека апликацијата треба да се врати на интернет-страната на Комисијата.

    “Нема никаква пречка веќе, даден е налог, апликацијата треба денес-утре пак да биде вратена на веб-страната на Комисијата“, ни изјавија од ДИК.

    Неофицијално пак, мнозинството во ДИК, се уште ја кочи таа работа, бидејќи ќе се видат старите илјадници неправилности во Списокот.

    Со привремено решение на Дирекцијата за заштита на лични податоци, беше забрането прикажување и пребарување на гласачите преку одредена општина, пребарување преку адреса, како ни преку име и презиме, по што во март, тамам граѓаните почнаа масовно да пријавуваат неправилности во Избирачкиот список, ДИК мораше да ја тргне апликацијата од својата веб-страна.

    ДИК потоа поднесе тужба до Управниот суд, на основ дека Дирекцијата за заштита на личните податоци им го одзема законски загарантираното право на граѓаните да извршат увид во Избирачкиот список и следствено на тоа, да побараат запишување, дополнување или бришење на податоците во него. ДИК наведе во тужбата дека објавувањето било со јасно законски утврдена цел, прочистување на Избирачкиот список.

    Управниот суд во одлуката вели дека Дирекцијата “со оспореното решение го повредил законот на штета на тужителот (ДИК)“, но се е бадијала и доцна. Во меѓувреме, мнозинството во ДИК (ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и независните експерти Атанас Урумов и Реџеп Прекопуца) ја истераа административната и теренската проверка како кристално чисти, изгласаа дека нема неправилности во Избирачкиот список, дека треба да се избришат само две-три илјади починати гласачи, дека треба и дополнително да се впишат илјадници полнолетни гласачи и на крајот заклучија дека Македонија треба да се гордее со ваков чист Избирачки список, како што рекоа, без дамка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари