ВЕВЧАНЦИ СЕ СУДРИЈА СО ПОЛИЦИЈАТА ПОРАДИ ГРУПНО СОБИРАЊЕ ЗА ВАСИЛИЦА

    ВЕВЧАНЦИ СЕ СУДРИЈА СО ПОЛИЦИЈАТА ПОРАДИ ГРУПНО СОБИРАЊЕ ЗА ВАСИЛИЦАИнцидентот настана кога полицијата се обиде да спречи групирање за традиционално славење на Василица, по што неколку мажи ги нападнаа полицајците (Фото: СДК.МК)

    Вевчанци се судрија со полицијата откако беа спречени да учествуваат на традиционалните василичарски поворки без почитување на мерките за заштита од коронавирус.

    Инцидентот настана кога полицијата се обиде да спречи групирање за традиционално славење на Василица, по што неколку мажи ги нападнаа полицајците.

    Власта апелираше годинава да не се одржи традиционалниот Вевчански карневал иако на василичарите не може да им забрани да ја тераат традицијата.

    Од општина Вевчани рекоа дека тие немаат право да се мешаат дали ќе има поворки на василичарските друштва, но апелираа да нема групно собирање, да нема посети на домовите и да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести.

    Во селото има зголемо присуство на полицајци.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира