ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА БОЈАН МАРИЧИЌ НЕ УСПЕА ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК, ВО ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА СДСМ ДОБИ САМО ТРОЈЦА ПРАТЕНИЦИ

    ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА БОЈАН МАРИЧИЌ НЕ УСПЕА ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК, ВО ПРВАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА СДСМ ДОБИ САМО ТРОЈЦА ПРАТЕНИЦИОд првата Изборна единица во Собрание влегоа претседателот на партијата Димитар Ковачевски кој беше носител на листа, Моника Зајкова од ЛДП и Даниела Николова од СДСМ. (Фото: К. Попов)

    Во Град Скопје, односно во сите скопски општини, СДСМ на вчерашните парламентарни избори освои 35.847 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 123.974. 

    На локалните избори во 2021 кога СДСМ изгуби во цело Скопје освен во Општина Центар, нивниот кандидат за градоначлник Петре Шилегов во вториот круг освои 86.698 гласови, а Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ 118.749.

    Во првата Изборна единица СДСM освои 25.730 гласови и доби само трoјца пратеници. Од оваа изборна единица во Собрание влегоа претседателот на партијата Димитар Ковачевски кој беше носител на листа, Моника Зајкова од ЛДП и Даниела Николова од СДСМ. Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој беше четврти на листата, нема да биде пратеник во наредниот собраниски состав.

    Во првата Изборна единица, каде носител на листата беше лидерот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ освои 76.192 гласови и 10 пратеници.

    Во скопските општини што влегуваат во втората Изборна единица Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари и дел од Чаир, СДСМ освои 10.117 гласови. Во втората изборна единица СДСМ доби само двајца пратеници, Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи.

    ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини во втората изборна единица каде носител беше Владо Мисајловски 47.782 и 8 пратеници. Вкупно на територија на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ  освои 123.974 гласови.

    Според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) по преброени 99,27% отсто од гласовите на вчерашните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички места и 431.251 гласови, коалицијата на ДУИ 19 пратеници и 137.486 гласови, СДСМ има 18 мандати и и 153.250 гласови,  ВЛЕН 13 и 106.991 гласoви, Левица 6 со 67.338 гласови и ЗНАМ 6 пратеници со 55.539 гласови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира