АРГЕНТИНСКАТА РЕЖИСЕРКА ЛУКРЕЦИЈА МАРТЕЛ НА ЧЕЛО НА ЖИРИТО ВО ВЕНЕЦИЈА

    АРГЕНТИНСКАТА РЕЖИСЕРКА ЛУКРЕЦИЈА МАРТЕЛ НА ЧЕЛО НА ЖИРИТО ВО ВЕНЕЦИЈАРежисерката на „Зама“ ќе биде седмата жена на оваа позиција во 76-годишната историја на фестивалот. (Фото: Шатерсток )

    Аргентинската режисерка Лукреција Мартел ќе биде претседателка на жирито на годинашниот Венециски филмски фестивал, кој ќе се одржува од 28 август до 7 септември. Режисерката на „Зама“ ќе биде седмата жена на оваа функција во 76-годишната историја на фестивалот. Во изминативе две децении, фестивалот го засили присуството на жените во жирито: во 2017 жирито го водеше Анет Бенинг, во 2006 Катрин Денев и Гонг Ли во 2002.

    Директорот на фестивалот Алберто Барбера во соопштението ја нарече Мартел „најважната режисерка на Латинска Америка и една од најдобрите режисерки во светот“.

    „Во нејзините филмови, оригиналноста на нејзиното стилизирано истражување и прецизини постановки се во служба на поглед на светот ослободен од компромиси, посветен на истражување на мистериите на женската сексуалност и динамиките на групите“, вели Барбера.

    Нејзиниот последен филм „Зама“ имаше премиера во Венеција во 2017, a ги освои наградите за најдобар филм, режисер, актер, сценарио, монтажа и кинематографија на аргентинската верзија на холивудските Оскари. Филмот имаше и номинација за Оскар за најдобар странски филм.

    „Чест е, одговорност и задоволство да се биде дел од оваа прослава на филмот, на огромната желба на човекот да се разбере себеси“, изјави Мартел.

    Останатите членови на жирито сѐ уште не се објавени.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари