ЧУКНАВ НА ВРАТАТА НА „ВАРДАР ФИЛМ” И ИМ РЕКОВ ДЕКА ПРАВАМ УБАВО КАФЕ, ПА ДОБИВ ГЛАВНА УЛОГА ВО „ПРЕД ДОЖДОТ“, РЕЧЕ ЛАБИНА МИТЕВСКА, ЕДНА ОД ЛАУРЕАТИТЕ НА „БРАЌА МАНАКИ“

    ЧУКНАВ НА ВРАТАТА НА „ВАРДАР ФИЛМ” И ИМ РЕКОВ ДЕКА ПРАВАМ УБАВО КАФЕ, ПА ДОБИВ ГЛАВНА УЛОГА ВО „ПРЕД ДОЖДОТ“, РЕЧЕ ЛАБИНА МИТЕВСКА, ЕДНА ОД ЛАУРЕАТИТЕ НА „БРАЌА МАНАКИ“Оскаровецот Питер Бижу ја доби наградата Златна Камера 300 за животен опус, а Митевска Златна ѕвезда. (Фото: „Браќа Манаки“)

    Оскаровецот Питер Бижу ја доби наградата Златна Камера 300 за животен опус на 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој почна вечерва во Битола.

    „Многу сум среќен и чест ми е што сум вечерва во Битола”, кажа Бижу.

    „Не нè снимал оскаровец, ама нè сликал“, Коцев и Јованова шеговито го замолија Бижу да ги фотографира на сцената. (Фото: СДК.МК)

    Актерката и продуцентка Лабина Митевска е лауреатка на наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм, а Шејмас Мекгарви е годинашен добитник на специјалната Златна Камера 300 за особен придонес за светската филмска уметност.

    Сценско-музичкиот перформанс во режија на Дејан Пројковски, заедно со Здружението на џез музичари и Детскиот хор Ѕвончиња ја отвори свеченоста. „Уште една тула во ѕидот“ (Another Brick in the Wall) и „Време“ (Time) на „Пинк Флојд“ беа избедени со група акробати, а целиот перформанс беше во чест на лауреатот Питер Бижу, кој е директор на фотографија и на филмот „Пинк Флојд: Ѕидот“ на Алан Паркер од 1982. (Фото: „Браќа Манаки“)

    „Пред 30 години сакав да се занимавам со филмска уметност. Чукнав на вратите на ‘Вардар филм’ и им реков дека знам да варам убаво кафе. Се понудив да волонтирам, а добив една од главните улоги во филмот ‘Пред дождот’ на Милчо Манчевски“, рече Митевска.

    Таа додаде оти политичарите се тие кои треба први да им се обратат на уметниците за соработка, и дека уметниците не треба да зависат од политичарите, и дека мора да има услови за континуирана работа на филмаџиите.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира