ДРАМСКИОТ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ НА БИЛЕТИТЕ ОД 400 НА 300 ДЕНАРИ

    ДРАМСКИОТ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ НА БИЛЕТИТЕ ОД 400 НА 300 ДЕНАРИ„Со пониски цени на билетите повеќе граѓани ќе можат да си дозволат да ги задоволат своите културни потреби“, вели Сашо Тасевски, новиот директор на Драмски театар.

    Драмскиот театар во Скопје ги намали цените на билетите за театарски претстави во новата театарска сезона, која официјално стартува на 15-ти овој месец со детската претстава „Снежана и седумте џуџиња“.

    Сашо Тасевски, новиот директор на Драмски театар, вели дека цената на билет за премиера од 400 денари е намалена на 300 денари, а за претставите што се на редовен репертоар се намалени од 300 на 200 денари. Цента на билетите за средношколци, пензионери и студенти од 150 денари останува непроменета. Цената на билетот за сите детски претсави што ќе се играат во Драмски ќе биде 150 денари.

    „Репертоарот од новата сезона официјално стартува со детската претстава на 15-ти, но потоа ќе има неколку дена пауза за генерални проби и претпремиера на новата претстава на Љубиша Георгиевски ‘Папагалот Хисторико’, која ќе има премиера на 23-ти септември. Оваа претсава се подготвува според старата програма“, вели Тасевски.

    Тој објаснува дека одлучиле да ја намалат цената на билетите, бидејќи е економски неоправдано толку високи цени во услови кога голем дел од населението е со просечни и потпросечни примања.

    „ Се водевме од логиката дека е подобро да се продадат 10.000 билети од 200 денари, отколку 1.000 билети од 300 денари. Луѓе кои се љубители на театарот, а се со просечни примња не можат да си дозволат да појдат во театар. Сметам дека со пониски цени на билетите повеќе граѓани ќе можат да си дозволат да ги задоволат своите културни потреби“, вели Тасевски.

    Тој најави дека наскоро ќе ја информира јавноста и за новите претстави што ќе се прават во Драмски театар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира