ФИЛХАРМОНИЈАТА СО ХОРОВИ ОД МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА НА МИСАТА НА ПАПАТА ФРАЊО ВО СКОПЈЕ

    ФИЛХАРМОНИЈАТА СО ХОРОВИ ОД МАКЕДОНИЈА И ХРВАТСКА НА МИСАТА НА ПАПАТА ФРАЊО ВО СКОПЈЕМузичарите и хоровите настапија под диригентство на Сашо Татарчевски (Фото: Влада на РСМ)

    Македонската филхармонија заедно со хористи од хорови од Македонија и од Хрватска, денеска настапија на свечената литургија на папата Фрањо на Плоштадот Македонија во Скопје.

    Музичарите и хоровите настапија под диригентство на Сашо Татарчевски и ја изведоа Миса ди Ангелис.

    Директорот на Филхармонијата Виктор Илиески ни рече дека делото е избрано од протоколот на папата Фрањо, а дека хористите и Филхармонијата имале две проби. Аранжманите за оркестарот биле специјално направени од Дамир Имери.

    Папата Фрањо денеска беше во историската прва посета на Македонија, а литургијата на плоштадот Македонија беше централниот настан.

    Екипа на СДК.МК

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари