ГИ ИСТРАЖУВАМЕ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО МНТ НА КОИ УКАЖА АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

    ГИ ИСТРАЖУВАМЕ НЕПРАВИЛНОСТИ ВО МНТ НА КОИ УКАЖА АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ, ВЕЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРАМинистерството за култура ја следи состојбата во МНТ и ќе соработува интензивно како и досега со сите институции, во чии надлежности се посочените проблеми.- Министерот за култура Асаф Адеми (Фото: СДК.МК)

    Mинистерството за култура веќе постапува по укажувањата за неправилности од страна на Македонскиот народен театар и ќе ги земе во предвид и денешните укажувања на режисерот Александар Поповски, одговорија од кабинетот на министерот за култура Асаф Адеми, по денешната прес конференција на Поповски.

    Поповски поднесе оставка како претседател на Управниот одбор на МНТ, а меѓу причините поради кои си заминува е неможноста цела година да се назначат директор и уметнички директор, поради нејасен статус на работното место на претходниот директор, режисерот Дејан Пројковски, како и поради утврдени неправилности во работењето на правната и финаниската служба на театарот.

    „Министерството за култура ја следи состојбата во МНТ и ќе соработува интензивно како и досега со сите институции, во чии надлежности се посочените проблеми.

    Министерството му благодари на истакнатиот режисер, Александар Поповски, кој изминатата година, со својот авторитет и работа на функцијата претседател на УО вложи напори за унапредување на работата на МНТ, а се заложи и за обезбедување квалитет на драмскиот дел од програмата на Охридско лето, како нејзин селектор.

    Министерството за култура ќе ја продолжи соработката со Поповски, а ќе води грижа и натаму да ги ангажира авторитетите во културата, истакнатите уметници и дејци, со цел за подобрување на состојбите во оваа област.
    Воедно, Министерството за култура информира дека веднаш ќе пристапи кон консултации за именување на нов член на Управниот одбор на МНТ и во согласност со законските процедури ќе ја извести навремено јавноста“, стои во соопштението од кабинетот на Адеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира