ЌЕ ГИ КАЗНАМ ГЛУМЦИТЕ, ПУБЛИКАТА Е НАЈВАЖНА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА МНТ

    ЌЕ ГИ КАЗНАМ ГЛУМЦИТЕ, ПУБЛИКАТА Е НАЈВАЖНА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА МНТ„Сите до еден од екипата ќе бидат казнети за непослушноста.Театарот постои за публиката и така ќе остане. Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика“, - Драган Спасов- Дац во сцена од претставата од репертоарот на МНТ, „Тартиф“

    Драган Спасов- Дац, в.д директор на Македонскиот народен театар (МНТ) на Фејсбук објави дека и покрај неговата наредба и сугестија да се игра претстава, глумците своеволно одбиле да ја играат претставата „Ничија земја“ како подршка , вели тој, за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27 април во Собранието.

    Синоќа во 20 часот, осумнаесет глумци ја откажаа изведбата на претставата „Ничија земја“, во МНТ како поддршка на колегата Владо Јовановски, кој вчера доцна попладнето доби мерка притвор од 30 дена од Кривичниот суд во Скопје, како еден од 36. осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април.

    Во статусот на Дац стои : „Се случи нешто што не смееше да се случи. Се откажа претстава во МНТ.
    Сите до еден од екипата ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија. Театарот постои за публиката и така ќе остане. Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика“.

    Актерите Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Ненад Анѓелковиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Александар Иваноски, Марија Кондовска и Томе Станковски, излегле на сцената, и ѝ се извиниле на публиката дека ја откажуваат претставата во знак на протест за притворот за колегата Јовановски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира