КРАТКИОТ АНИМИРАН ФИЛМ „КАРАНТИН“ НА ИВАН АНДРЕЕВСКИ ВО СЕЛЕКЦИЈАТА НА СВЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО АНЕСИ

    КРАТКИОТ АНИМИРАН ФИЛМ „КАРАНТИН“ НА ИВАН АНДРЕЕВСКИ ВО СЕЛЕКЦИЈАТА НА СВЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО АНЕСИ„Карантин“ е избран во фестивалската програма Перспективи, а за годинешното издание на Анеси конкурирале 2,700 филмови од речиси 100 земји. (Фото: Фејсбук)

    Краткиот анимиран филм „Карантин“ на Иван Андреевски, по сценарио на Михаил Наумов и по приказна на Љубомир Саздовски ќе игра во официјалната селекција за награди на најголемиот светски фестивал за анимиран филм во Анеси, Франција.

    „Карантин“, во австралиско-македонска копродукција, е избран во фестивалската програма Перспективи, а за годинешното издание на Анеси конкурирале 2,700 филмови од речиси 100 земји. Угледниот фестивал стар над 60 години годинава ќе се одржи онлајн од 14 до 19 јуни.

    Режисерот Андреевски живее во Мелбурн, Австралија. „Карантин“ е изработен во 3Д-комјутерска анимација, а продуценти се австралиското „3-Блок Студио“ и македонската „Флипбук продакшнс“ со Жарко Иванов.

    Македонската премиера на „Карантин“ беше на Флипбук Филм Фестивал во Скопје во август 2020, каде ја освои Специјалната награда на жирито, кое го оцени филмот како „Мајсторски сработена анимација од млади автори која укажува на тоа дека златното време на македонскиот анимиран филм е пред нас“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира