КРСТЕ РОЏЕВСКИ СО КОНЦЕРТ ВО ЊУЈОРК ГО ПРОМОВИРА „ГОРЧЛИВИ БАДЕМИ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Њујорк,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КРСТЕ РОЏЕВСКИ СО КОНЦЕРТ ВО ЊУЈОРК ГО ПРОМОВИРА „ГОРЧЛИВИ БАДЕМИ“

    „Горчливи бадеми“ (Bitter Almonds), вториот албум на македонскиот гитарист, пејач и кантавтор Крсте Роџевски, кој живее и работи како психијатар во Њујорк, ќе биде промовиран утре со концерт во легендарниот њујоршки музички простор „Џос паб“.

    По успешниот деби албум „Батанија“ во 2015, Роџевски и на „Горчливи бадеми“ соработува со ѕвездена екипа музичари на њујоршката џез и сцена на музички импровизации, како гитаристката Мери Халворстон, Тејлор Хо Бинам на хорна, Крис Спид на тенор саксофон, Томека Реид на чело, Мајкл Бланко на бас и Томас Фуџивара на тапани. Ова е вториот албум од неговата планирана трилогија „Апоптоза“ (Apoptosis), а третиот, „Зајакот и паднатиот јавор“ (The Rabbit and The Fallen Sycamore), ќе биде снимен во текот на годинава.

    Д-р Роџевски, кој е психијатар со ординација во Њујорк, за албумот вели дека е „не-инстаграмиран живот“

    Д-р Роџевски, кој е психијатар со ординација во Њујорк, за албумот вели дека е „не-инстаграмиран живот“

    Музичката критика за „Горчливи бадеми“ вели дека е албум на човечката состојба – за страста ем како копнеж, ем како страдање, а за гласот на Роџевски вели дека звучи „и безвремено и модерно, нежно и жестоко, интимно и смело“. Роџевски, кој е психијатар со ординација во Њујорк, за албумот вели дека е „не-инстаграмиран живот“.

    „Не е солипсистички, сочувствителен или воајеристички настап, туку настап на емпатија, еден вид новинарство од искутство во прво лице. Се работи за конфликтите во нашиот внатрешен живот и нашите врски едни со други. А јас се обидувам да ги процесирам тие конфликти низ моето лично искуство, без да се дистанцирам туку да одам токму таму каде што се случуваат“, вели Роџевски.

    Две песни од „Горчливи бадеми“ се дел од саундтракот за „Бикини Мун“, новиот филм на Милчо Манчевски, кој пак го дизајнираше омотот за албумот

    Две песни од „Горчливи бадеми“ се дел од саундтракот за „Бикини Мун“, новиот филм на Милчо Манчевски, кој го дизајнираше омотот за албумот

    За музиката, која пркоси на категоризација, тој вели дека има „елементи на џез и експериментална музика врз поп-рок основи, а понекојпат и фолк елементи“.

    „Експерименталните и џез музичари до кои имам пристап и кои ги сакам не се плашат да одат кон спонтани изворни емоции и нагони, места каде што емоциите се деконструирани како тело во кубистичка слика. Не случајно ги најдов овие музичари“, вели Роџевски.

    Две песни од „Горчливи бадеми“ се дел од саундтракот за „Бикини Мун“, новиот филм на Милчо Манчевски, кој пак го дизајнираше омотот за албумот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира