МОЗАИЦИТЕ ВО ХЕРАКЛЕЈА ПРОПАЃААТ ОТИ НЕМА СЛУЖБА ЗА КОРНЕЊЕ НА ТРЕВАТА

a:3:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:11:"td_subtitle";s:107:"Залуденетрудотнаконзерваторитеаконесечиститревата";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МОЗАИЦИТЕ ВО ХЕРАКЛЕЈА ПРОПАЃААТ ОТИ НЕМА СЛУЖБА ЗА КОРНЕЊЕ НА ТРЕВАТА

    Состојбата на мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја е алармантна, покажа ендоскопското снимање чија втора фаза заврши деновие во Битола. По извештајот за испитувањата водени од експертите академик Газанфер Бајрам, стручњак за мозаици, и неговиот колега со светско реноме од Италија Паоло Ракањи, кои беа вршени на иницијатива на Музеј и завод Битола, се крева тревога од највисок степен во стручната јавност.

    Мозаиците низ кои поминувале римските цареви, една од главните точки на Виа Игнација, дестинација која привлекува илјадници туристи годишно, имаат видливи оштетувања по својата површина која е речиси запуштена, а вегетацијата која никој не ја чисти го зема својот данок. Непроценливото културно богатство датира од 4-6 век од нашата ера.

    Стручната јавност е согласна дека во оваа сфера државата располага со инструменти, лаборатории и кадар за реставрација, и оти на ред се финансиерите, Министерството за култура и Владата.

    Извештајот на експертите вели дека оштетувањата се должат и на негрижа и на методите на реставрација и конзервација од минатото, кои во денешно време ги покажуваат своите слабости. Во минатото, објаснуваат тие, се користела како најсовремена метода цементната подлога за која се мислело оти ќе е и постојана. Но, иако тогаш ги имала позитивните карактеристики, сепак не можела да одолее на атмосфрските прилики. Од денешен аспект се покажува дека таа е таа тврда, подложи на промени кои ги трпи и мозаикот, кој подоцна пука.

    По ова ендоскопско снимање, се најавуваат и модерните европски методи што се користат низ целиот свет за реставрација на мозаиците, па како што велат Бајрам и Ракањи, конзервацијата на Хераклеја не е невозможен, но е макотрпен процес кој бара систематичност во секој сегмент, а се разбира и средства.

    Академик Бајрам вели дека треба да се почне од една сериозна служба за чистење од вегетација, а потоа сѐ друго за да може да се продаде оваа ексклузивна приказна.

    „Од дождот што е божја работа и тревата која расте, не може ни сам бог да ја спаси Херкалеја ако не се фати со рака тоа да се чисти. Има лекови за вегетацијата кои се ставаат во разни годишни периоди за да се заштитат мозаиците од трева и од коров“, вели Бајрам и додава дека мозиците се на отворено, подложни на временски осцилации и е неопходна секојдневна грижа за нивниот опстанок.

    Препораките на екипите од Музеј и завод Битола и од експертите по ендоскопското снимање се да се премине на употреба на современите методи за реставрација на мозаиците. Тоа се макотрпни и долготрајни процеси во кои по длабоки анализи се подготвува подлога најблиска по составот на оригиналната, на која мозаикот ќе се однесува најприродно.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари