НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДИРЕКТОРОТ НА МОБ ДА РАСПРЕДЕЛУВА ВИШОК МУЗИЧАРИ ВО МТВ, ВЕЛИ СИНДИКАТОТ НА КУЛТУРА

    НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДИРЕКТОРОТ НА МОБ ДА РАСПРЕДЕЛУВА ВИШОК МУЗИЧАРИ ВО МТВ, ВЕЛИ СИНДИКАТОТ НА КУЛТУРАВ.д. директорот на МОБ, Илија Рајковски ќе побара од Министерството за култура да прераспредели повеќе од 30 музичари од Оркестарот на МОБ во музичката продукција на МТВ (Фото:МОБ)

    Синдикатот на културата (СКРМ) смета дека изјавата на в.д. директорот на Македонската опера и балет (МОБ) Илија Рајковски за прераспределување на музичарите во Македонската радио и телевизија е избрзана и непромислена, бидејќи нема реална превработеност на музичарите, кои се носители на дејноста во оваа институција. Писмената реакција , потпипшана од Сања Ивановска- Велкоска, в.д. претседател на синдикатот, следи по прес конференцијата на Рајковски на 4 октомври, кога рече дека ќе побара од Министерството за култура да прераспредели повеќе од 30 музичари од Оркестарот на МОБ во музичката продукција на МТВ.

    Рајковски на прес-конференција рече дека во Оркестарот има вработено 115 музичари, а тој смета дека треба да бидат од 76 до 78. Тој додаде оти поради големиот број музичари, се случува некои да не свират на претстави и по 2 до 3 месеци.

    „Нашата втора варијанта е, доколку вишокот музичари не се преселат во МТВ, да формираме камерни оркестри па да одржуваат камерни концерти“, рече Рајковски.

    Во писмото од СКРМ меѓу другото стои:„ Ако се земе во предвид новата систематизација на работните места (изготвена со цел да ги задоволи потребите на големиот број изведби предвидени во Годишната програма) која е усвоена пред неколку месеци, а во која има предвидени развојни позиции, тогаш постоја т работни места кои не се пополнети. Истакнувам дека СКРМ будно ги следи промените во културата, бидејќи е формирана за да ги заштити правата од работен однос на своите членови, а со тоа ви укажуваме дека нема да дозволиме никакво прераспоредување или укинување на работни места, а сè што навистина ќе биде неопходно да се направи, ќе мора да се спроведе во консултација со Синдикатот“.

    Иваноска- Велкоска нагласува дека СКРМ е во преговори со Министерството за култура за изработка на нов закон за култура, кој ќе биде донесен преку исцрпни јавни дебати, како и колективен договор, со кои се надеваат дека ќе се решат поголем дел од проблемите генерирани од постоечкиот закон.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари