ЊУЈОРК СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЅВЕЗДИ ЗА ПРЕМИЕРАТА НА „БИКИНИ МУН“ НА МАНЧЕВСКИ

    ЊУЈОРК СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЅВЕЗДИ ЗА ПРЕМИЕРАТА НА „БИКИНИ МУН“ НА МАНЧЕВСКИРежисерот Милчо Манчевски со главната ѕвезда Кондола Рашад и актерите Вил Џеновиц и Сатја Сридхаран на премиерата на „Бикини Мун“ во Њујорк (Фото: ВОА)

    На црвениот килим пред њујоршкото кино „Синема Вилиџ“, на премиерата на „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски дефилираше дел од актерската екипа на филмот чело со главната ѕвезда Кондола Рашад, како и Вил Џеновиц и Сатја Сридхаран, покрај бројни режисери, актери, продуценти, сценаристи и личности од модниот свет од Њујорк. Петтиот филм на најтрофејниот македонски режисер имаше кино премиера во Њујорк на 12 октомври. Режисерот Манчевски дојде во Њујорк на 48 часа специјално за премиерата, од Македонија каде е во жешки подготовки пред почетокот на снимањето на неговиот нов филм „Врба“, јави „Банана филм“.

    Во рецензијата на „Њујорк тајмс“ се вели: „Без оглед дали ќе си заминете на половина, или ‘Бикини Мун’ ќе го гледате двапати – а обете се валидни реакции на овој филм – ќе ви се чини дека режисерот Милчо Манчевски ќе биде задоволен. Тој направил филм за да ве провоцира“.

    „Се радувам што ‘Бикини Мун’ се врати дома, на безбедно (ха-ха), откако го сврте светот од Бразил, преку Европа до Шангај. Сакав лично да дојдам на њујоршката премиера макар и на 48 часа, оти сметам дека така најубаво ќе ја завршам таа приказна пред да почнам да го снимам ‘Врба’“, вели режисерот Манчевски.

    Њујоршката премира на „Бикини Мун“ беше одбележана и како првокласен културен настан во американските медиуми. Манчевски и Кондола Рашад имаа заеднички гостувања и интервјуа во ТВ емисии, а објавени се и бројни рецензии во разновидни медиуми.

    Во рецензијата на „Њујорк тајмс“ се вели: „Без оглед дали ќе си заминете на половина, или ‘Бикини Мун’ ќе го гледате двапати – а обете се валидни реакции на овој филм – ќе ви се чини дека режисерот Милчо Манчевски ќе биде задоволен. Тој направил филм за да ве провоцира“.

    „Многу слоевита, многу урбана, длабоко реална и безнадежна бајка за семејството, менталната болест и борбата“, „’Бикини Мун’ на Милчо Манчевски од сите нас прави виновни воајери“, „За оние кои бараат неконвенционален филм кој што скока од експериментален метадокументарец во директна наративна драма, ‘Бикини Мун’ е вреден и предизвикувачки“, „Моќна сатира на комплексот на спасител на белата висока-средна класа“, се дел од освртите на американската критика во кои глимата на Рашад се оценува како „беспрекорно интезивна“.

    На црвеникот килим минаа бројни режисери, актери, продуценти, сценаристи и личности од модниот свет од Њујорк (Фото: ВОА)

    „Бикини Мун“, првиот американски филм на Манчевски, е снимен во Њујорк. Светската премиера беше во Бразил, на фестивалот во Сао Пауло, а потоа во Португалија ја освои специјалната награда на жирито. Беше прикажан и на фестивалите Синеквест во Сан Хозе, Калифорнија, Белград и Софија, Истанбул, Франкфурт, Нешвил, Менхетн, Шангај, Сарасота и други.

    Македонската премиера беше во Скопје на 22 март и наиде на исклучително позитивен прием – и кај публиката и кај критиката, а потоа играше и низ Македонија.

    Приказната на филмот – психолошки портрет на Бикини Мун Дејвис – говори за искршениот идеал на модерното семејство, но и за изгубената приватност во светот окупиран од камери, мобилни телефони и сеприсутните социјални мрежи. Филмската структура на Бикини Мун е филм во филм, во кој филмската стварност е двојно манипулирана.

    Главна хероина е повратничката од војната во Ирак, Бикини Мун Дејвис, харизматична, енергична, духовита, убава и провокативна, но и ментално нестабилна. Нејзината приказна и нејзиното однесување нѐ водат до работ на вистината, и често не сме сигурни што е вистина, а што фантазија.

    Главните улоги ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис. Дизајнер на продукција е редовниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс, кој има работено на сите негови досегашни филмски проекти. Директор на фотографија е Џошуа З. Вајнстин. Единствени Македонци во филмската екипа, покрај режисерот, се композиторот на музиката Игор Василев Новоградска и дизајнерот на специјалните ефекти Мишо Ристов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира