ПОЧИНА ПОЕТЕСАТА ЛИЛЈАНА ДИРЈАН

    ПОЧИНА ПОЕТЕСАТА ЛИЛЈАНА ДИРЈАН

    Поетесата и новинарка Лилјана Дирјан почина денес во Скопје. Имаше 64 години.

    Поезијата на Дирјан е преведувана на повеќе јазици и застапена е во антологиите на македонската современа поезија. За своето творештво е наградена со признанијата „Студенстки збор“ и „Браќа Миладиновци“. Долги години Дирјан беше главен уредник на списанието „Жена“, а беше и една од основачите на Друштвото на независни писатели на Македонија. Позначајни збирки поезија се „Природна појава“, „Жива мера“, „Пелин поле“, „Тешка свила“, „Приватни светови“, што беше и македонскиот претставник за наградата „Балканика“ во 2008, „Саѓе врз снегот“.

    Ќе остане запаметена како голем соработник за литературното поврзување на регионот и како една од основачите и уредниците на познатото списание „Саревски тетратки“.

    По повод смртта на истакнатата македонска поетеса и новинарка, Министерството за култура испрати телеграма со сочувство до семејството.

    „Лиле не беше само истакната писателка која се разликуваше од останатите поети по својата автентичност, лиричност, по својата ерудиција и широки погледи кон светот, туку беше и жена борец која правдољубиво ги брани своите ставови во литературата и во животот, што го покажа и со активностите како еден од основоположниците на Независните писатели на Македонија. Во истовреме Дирјан беше комплетно креативна личност и надвор од литературата и новинарството која на различни начини го разубавуваше секојдневното постоење на сите околу неа“,  се вели во телеграмата на Министерството за култура.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира