ПОЧИНА ПОЛСКИОТ ФИЛМСКИ ВЕЛИКАН АНДЖЕЈ ВАЈДА

a:1:{s:13:"td_source_url";s:30:"Полска,(БИ-БИ-СИ)

    ПОЧИНА ПОЛСКИОТ ФИЛМСКИ ВЕЛИКАН АНДЖЕЈ ВАЈДА

    Полскиот оскаровец, режисерот Анджеј Вајда, почина на 90 години, потврди полското филмско здружение. Вајда сними над 40 филмови во кариерата долга 60 години. Многу од неговите филмови, меѓу кои и „Канал“, „Човекот од мермер“, „Човекот од железо“ и „Катињ“, беа инспирирани од полската турбулентна воена и комунистичка исотрија. Во 2000 Вајда доби почесен оскар за придонес кон светскиот филм.

    Полскиот експремиер и шеф на Советот на Европа Доналд Туск твитна:„Сите произлеговме од Вајда. Гледавме на Полска и на себеси низ него. И подобро разбиравме. Сега ќе биде тешко“.

    Последниот филм на Вајда „Призрак“ е приказна за животот на авангардниот полски сликар Владислав Стжемински, кој настрадал од поствоената сталинистичка власт на Полска. Вајда рече дека сакал да „предупреди против државната интервенција во уметноста“. Филмот неодамна е избран за полски кандидат за Оскар за најдобар странски филм 2017. Четири од претходните филмови на Вајда се номинирани во оваа категорија, а „Човекот од железо“ освои Златна палма во Кан 1981.

    Вајда еднаш изјави дека „Господ им дал на режисерите две очи – едно око за да гледаат во камерата, а другото за да бидат на штрек за сѐ што се случува околу нив“.

    Актерот Даниел Олбрицки, кој играше во 13 филмови на Вајда, рече дека никогаш не запознал режисер кој толку добро работел со актерите.

    „Можевме да ја почувствуваме љубовта на нашата публика преку него. Ама кога ќе се намрштеше, макар и малку, знаев дека треба да бидам подобар“, рече Олбрицки.

    Вајда е роден во 1926 во североисточниот полски град Сувалки. Татко му бил меѓу жртвите во масакрот во Катињ во 1940, што го изведе Советскиот сојуз врз полските офицери. За време на Втората светска војна бил член на движењето на  отпорот против фашизмот. Потоа студирал сликарство, пред да се запише на Филмската школа во Лоѓ. Во 1955 дебитира со „Генерација“, по што следеа „Канал“ и „Пепел и дијаманти“, што ја создаде трилогијата за воениот живот во Полска.

    Некои од неговите филмови беа забранувани за време на комунизмот во Полска. Дури по паѓањето на комунизмот во 1989 тој можел да го сними филмот за Катињ.

    „Никогаш не се надевав дека ќе доживеам да ја видам Полска како слободна држава. Мислев дека ќе умрам во тој систем. За мене беше огромно изненадување што доживеав да ја видам слободата“, изјави Вајда во едно интервју во 2007.

    На првите слободни избори во Полска во 1990 Вајда е избран за сенатор и отслужи 2 години во Горниот дом на парламентот.

    Вајда ги остави зад себе четвртата сопруга, актерката и сценографка Кристина Захватович, и ќерка му Каролина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира