ПОЧИНА РЕЖИСЕРСКАТА БИЛЈАНА ГАРВАНЛИЕВА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Берлин,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЧИНА РЕЖИСЕРСКАТА БИЛЈАНА ГАРВАНЛИЕВА

    Наградуваната македонска режисерка на документарци Билјана Гарванлиева, почина денеска во Берлин, каде што живееше и работеше. Имаше 43 години.

    Веста за нејзината смрт, по долгогодишно боледување, ја соопшти на својот фејсбук профил уметникот и соработник на нејзиниот последен проект Јован Балов, од Берлин.

    „Почитувани пријатели, денес нѐ напушти Билјана Гарванлиева. Имав чест и радост да помогнам и учествувам во реализацијата на нејзиниот последен видео документарен запис. Почивај во мир!“, напиша Балов додавајќи дека таа пред само три недели ги снимила последните кадри од новиот документарец.

    Гарванлиева е авторка на документарните филмови  „Девојчето со хармоника“, „Девојчето што бере тутун“ за Јуруците во Македонија и „Шивачки“, приказна за три жени кои работат како шивачки за странски фирми во Штип, што во 2010 ја освои главната награда „Срце на Сараево“ на Сараевскиот фестивал. Сите нејзини филмови играа и беа наградувани на бројни светски фестивали. Таа е авторка на сценариото на „Златната петорка“, долгометражното играно деби на Горан Тренчовски, што следната недела ќе го затвори годинашниот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

    Родум од Струмица, Гарванлиева заврши драматургија на ФДУ во Скопје, а во 1999 како германски стипендист замина на постдипломски студии на Слободниот универзитет во Берлин, каде остана да живее и работи како независен филмски автор.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари