ПОЧНУВА 70. БЕРЛИНАЛЕ, ФЕРАРА, ПЕЦОЛД, ПУЈУ ВО ТРКА ЗА ЗЛАТНА МЕЧКА

    ПОЧНУВА 70. БЕРЛИНАЛЕ, ФЕРАРА, ПЕЦОЛД, ПУЈУ ВО ТРКА ЗА ЗЛАТНА МЕЧКАБританскиот оскаровец Џереми Ајронс ќе биде претседател на жирито, во кое се и актерката Беренис Бежо, продуцентката Бетина Брокемпер, режисерката Анемари Јасир, драматургот Кенет Лонерган, актерот Лука Маринели и режисерот Клебер Мендонха Филхо. (Фото: Берлински филмски фестивал)

    Седумдесетотто издание на Берлинскиот филмски фестивал почнува денес, со премиерата на „Мојата година со Селинџер“ на канадскиот режисер Филип Фалардо. Главните улоги ги играат Сигурни Вивер и Маргарет Кволи. Дејството се случува во 1990-те, во њујоршкиот книжевен круг, а е базиран на светскиот бестселер на Џоана Ракоф. Приказната е за Џоана (Кволи) која сака да стане поетеса и ќе стане асистентка на Маргарет (Вивер), книжевна агентка на легендарниот писател Џ. Д. Селинџер, познат по повлеченоста од јавност.

    Берлинале ќе заврши на 1 март, а вкупно ќе се прикажат 342 филма од 71 земја, од кои 88 се кратки филмови. Осумнаесет филмови се во официјалната програма во трка за Златна мечка. Меѓу нив се германските „Берлин Александарплац“ на Бурхан Курбани и „Ундин’ на Кристијан Петцолд. Во конкуренцијата  се и „ДАУ. Наташа“ на Илја Кржановски и Јекатерина Ортел, „Не постои зло“ на Мохамад Расулоф, како и „Сите мртовци“ на Каетано Котардо, како и новите филмови на Ца Минг-Лианг, Кели Рајхард, Сели Потер и Абел Ферара.

    Британскиот оскаровец Џереми Ајронс ќе биде претседател на жирито, во кое се и актерката Беренис Бежо, продуцентката Бетина Брокемпер, режисерката Анемари Јасир, драматургот Кенет Лонерган, актерот Лука Маринели и режисерот Клебер Мендонха Филхо.

    Уметничкиот директор на фестивлот, Карло Катријан вели дека заедничка нишка за сите овие филмови е „дека обрнуваат внимание на мрачната страна на луѓето“. Ова е прво Берлинале за Катријан, кој го наследи Дитер Кослик, кој 18 години беше директор. Оскаровката Хелен Мирен ќе добие почесна Златна мечка за животно дело.

    Македонија ќе биде дел од Берлинале со „Малмкрог“, новиот филм на еден од најреномираните романски режисери Кристи Пују во кој македонски копродуцент е „Сестри и брат Митевски“. „Малмкрог“, кој според Берлинале е наречен „патување низ времето и мислите, кој фасцинира со прецизност и инвентивност“, е копродукција помеѓу Романија, Србија, Швајцарија, Шведска, Босна и Северна Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира