ПРЕМИЕРА НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКИОТ ФИЛМ „ВРАЌАЊЕ“ СО ВНУКАТА НА ДЕПАРДЈЕ ВО СИНЕПЛЕКС

    ПРЕМИЕРА НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКИОТ ФИЛМ „ВРАЌАЊЕ“ СО ВНУКАТА НА ДЕПАРДЈЕ ВО СИНЕПЛЕКСГлавната женска улога ја игра француската актерка Делфин Депардје, внука на светски познатиот актер Жерар Депардје

    Македонско-косовската копродукција „Враќање“ во режија на Кастриот Абдули утре во 20 часот ќе има македонска и светска премиера во киното Синеплекс во Скопје. По премиерата, филмот ќе игра на редовниот репертоар на киното.

    Сценаристи се Абдули и Иса Чосја. Филмот е снимен со пари од Агенцијата на филм на Македонија, Косовскиот центар за кинематографија и продуцентските куќи „Дарданиа филм“  и „Шкупи филм“ на Абдули. Извршен продуцент е Симеон Дамевски.

    Главната женска улога ја игра француската актерка Делфин Депардје, внука на светски познатиот актер Жерар Депардје. Играат и: Селман Локај, Хазир Ш.Хазири, Лирдиона Шеху, Сефета Ругова, како и Сефедин Нуредини, кој почина лани.

    „Млад албански емигрант и неговата девојка Французинка, решаваат да го посетат неговото родно село во Македонија. Пријатното изненадување се претвора во големо разочарување, кога неговите родители ќе ја дознаат вистинската причина за враќањето на синот“, најавуваат продуцентите.

    Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимограф Изет Цури, монтажер Благоја Неделковски, сценограф е Зени Балажи, а композитор Мемли Келменди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира