„ПРВИОТ ЧОВЕК“ НА ОСКАРОВЕЦОТ ШАЗЕЛ ЈА ОТВОРА ВЕНЕЦИЈА

    „ПРВИОТ ЧОВЕК“ НА ОСКАРОВЕЦОТ ШАЗЕЛ ЈА ОТВОРА ВЕНЕЦИЈАФилмот е базиран на слетувањето на Аполо 11 на Месечината во 1969 година, а Нил Армстронг го игра Рајан Гослинг

    Филмот на оскаровецот Демиен Шазел за Нил Армстронг, „Првиот човек“ ќе го отвори 75. издание на филмскиот фестивал во Венеција, кој  ќе се одржи од 29 август до 8 септември.

    Првиот човек кој стапнал на Mесечината го игра Рајан Гослинг, а неговата сопруга, британската актерка Клер Фој, позната по улогата на Кралицата Елизабета Втора  во првата и втората сезона на серијата „Круна“.
    Кори Страл и Лукас Хас ги играат астронаутите Баз Олдрин и Мајкл Колинс.

    Претходниот филм на Шазел, мјузиклот „Ла Ла ленд“, во кој исто така глуми Гослинг, ја отвори Венеција и во 2016 година. Филмот во САД ќе игра од 12 октомври.

    „Сакав да видам колку радикална, луда и контроверзна била целата мисија“, изјави Шазел за „Би-Би-Си“ за филмот кој е базиран на слетувањето на Аполо 11 на Месечината во 1969 година.

    „Бев фасциниран од Нил, и од она што му поминувало низ главата во месеците и годините пред мисијата“, вели режисерот.

    Филмот за отворање во Венеција, вообичаено се смета за еден од фаворитите во оскаровската сезона.
    Организаторите претходно најавија дека мексиканскиот режисер, оскаровецот Гилјермо дел Торо годинава ќе биде претседател на жирито.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира