„РОМА“ НА КУАРОН И „СТУДЕНА ВОЈНА“ НА ПАВЛИКОВСКИ ВО ПРВИОТ КРУГ ОД 9 КАНДИДАТИ ЗА ОСКАР ЗА СТРАНСКИ ФИЛМ

    „РОМА“ НА КУАРОН И „СТУДЕНА ВОЈНА“ НА ПАВЛИКОВСКИ ВО ПРВИОТ КРУГ ОД 9 КАНДИДАТИ ЗА ОСКАР ЗА СТРАНСКИ ФИЛМЦрно-белата драма „Рома“ на режисерот Алфонсо Куарон, еден вид сеќавање на неговото детство во Мексико Сити во раните 1970-ти години, доби Златен лав на годинешниот Венециски филмски фестивал (Фото: Нетфликс)

    Американската академија за филмска уметност и наука го објави првичниот потесен избор кандидaти за Оскар во повеќе категории, меѓу кои и листата со девет кандидати за најдобар странски филм. Меѓу деветте кандидати, од кои подоцна ќе се изберат 5 номинирани, се мексиканскиот „Рома“ на оскаровецот Алфонсо Куарон, „Горење“ на Ли Чанг-донг од Јужна Кореја, полскиот „Студена војна“ на оскаровецот Павел Павликовски, либанскиот „Капернаум“ на Надин Лабаки, јапонскиот „Крадци“ на Хироказу Коре-еда, колумбискиот „Птици преселници“ на Кристина Галјего и Сиро Гера, данскиот „Виновникот“ на Густав Малер, германскиот „Не гледај на страна“ на Флоријан Хенкел фон Донерсмарк и „Ајка“ на Сергеј Дворцевој од Казахстан.

    Македонски кандидат беше „Исцелител“, дебито на режисерот Ѓорче Ставрески.

    Се верува дека „Рома“ ќе добие и номинација за најдобар филм, а пак „Горење“, кој е снимен според роман на Харуки Мураками , може да биде првиот филм од Јужна Кореја со номинација за Оскар.

    Номинациите ќе бидат објавени на 22 јануари, еден месец пред доделувањето на Оскарите на 24 февруари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари