РОСИ, КОНЧАЛОВСКИ, ШУМОВСКА, ЖБАНИЌ ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ, ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ ЌЕ ИГРА В КИНО

    РОСИ, КОНЧАЛОВСКИ, ШУМОВСКА, ЖБАНИЌ ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ, ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ ЌЕ ИГРА В КИНОЕден од најочекуваните филмови е „Ноктурнал“ на документаристот венециски лауерат Џанфранко Роси, снимен среде деструкцијата во Сирија. (Фото: Синеуропа)

    Венецискиот филмски фестивал ќе го одржи 77. издание во физичка форма, засега првиот од големите кои се враќаат во киносалите од почетокот на коронакризата. Од 2-12 септември, во киносалите на Мостра ќе играат 62 филма од 50 земји. Осум од 18-те филови во конкуренцијата за престижниот Златен лав се режирани од жени, истакна директорот Алберто Барбера на презентацијата на програмата.

    Мостра отвора со „Лачи“ на Даниеле Лукети.

    Во конкуренцијата за наградата има 4 италијански филмови, „Сестрите Макалузо“ на Ема Данте, „Госпоѓица Маркс“ на Сузана Никјарели, „Оче наш“ на Пјерфранческо Фавино и еден од најочекуваните филмови на документаристот венециски лауерат Џанфранко Роси „Ноктурнал“, снимен среде деструкцијата во Сирија.
    Во конкуренцијата за Златен лав се и рускиот автор Андреј Кончаловски, унгарскиот Корнел Мундруцо, полската Малгоржата Шумовска, иранскиот Маџид Маџиди, јапонскиот Кијоши Куросава, израелскиот Амос Гитаи, а единствена од балканскиот регион е Босанката Јасмила Жбаниќ која доаѓа со филмот „Кво вадис, Аида?“ за маскарот во Сребреница. Филмот „Номадленд“ на Клое Жао, еден од најочекуваните на американската независна сцена, во кој игра искаровката Франсис Мекдорманд, освен во конкуренцијата во Венеција ќе игра и на фестивалите во Торонто, Телјурајд и Њујорк.

    На чело на жирито за Златен лав е оскаровката Кејт Бланшет.

    Годинава, програмата Хоризонти има не само дебитанти туку и неколкумина попознати автори, како Лав Дијаз, Уберто Пазолини и Џија Копола.

    Во програмата Венециски денови, која е независна но во рамки на Венецискиот фестивал, има 10 филмови меѓу кои и „Оаза“, вториот филм на српскиот режисер Иван Икиќ. На чело на жирито во оваа програма е израелскиот режисер Навид Лапад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира