ШТИП СЛАВИ 128 ГОДИНИ ТЕАТАРСКИ ЖИВОТ СО 10 ПРЕТСТАВИ ЗА ЦЕЛА НЕДЕЛА

    ШТИП СЛАВИ 128 ГОДИНИ ТЕАТАРСКИ ЖИВОТ СО 10 ПРЕТСТАВИ ЗА ЦЕЛА НЕДЕЛАВо чест на 128 години театарско живеење во Штип, во Народниот театар вкупно ќе се прикажат десет претстави. (Фото: СДК.МК )

    Од денес до сабота, со театарски претстави Штип ќе прослави слави 128 години театарско живеење во градот. Неделата на штипскиот театар ќе стартува со претставата „Умри машки“, во продукција на  Штипскиот театар. Поради големиот инетерес за оваа претстава, ќе се прикаже и утре, 13 декември. Во изведба на Штипскиот театар ќе бидат и претставите „Амбасадор“ и „Пасивно пушење “ што ќе се прикажат на 14, односно на 15 декември. Наредниот ден ќе се прикаже театарската претстава „Секс и лаги“ во изведба на Театарот Трајко Прокопиев“ од Куманово , а на 17 декември ќе гостува Турскиот театар од Скопје со претставата „Човек перница “ .

    Центарот за култура „Ацо Шопов“, во чии рамки работи и Народниот театар во Штип, во изминатата недела прикажа четири претстави и тоа: „Пациенти “ од Театарот Провокација од Скопје, „Избувливиот човек “ од Театарот „Бели мугри“ од Кочани, и претставите „ ЈЗУ Европа“ и „Власт“ во изведба на Народниот театар во Штип.

    Сите претстави почнуваат во 20 часот на сцената на Народниот театар во Штип. Билетите се 200 денари за една претстава, а блокот влезници е 1.000 денари.

    Според енциклопедијата за театарот во Штип, за почетоците на театарскиот живот се земаат 1920-те, во кои музичките и театарските ентузијасти од градот одлучиле својот културен идентитет да го конструираат и преку сценската практика. Сепак, врз основа на историски пишувани документи, Институтот за театрологија смета дека првата театарска претстава во Штип била изведена пред 128 години кога во Штип биле учители Даме Груев, Пере Тошев и Гоце Делчев.

    Во учебната 1894/95 година тие ја поставуваат на сцена романтичната трагедија „Разбојници“ од Фридрих Шилер. Тројцата револуционерни дејци во Штип биле учители од 1894 до 1896.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира