Киното Синеплекс ќе се затвори, следејќи ја ситуацијата според препораките на Владата, објавија од синџирот кина во скопскиот „Сити мол“. Од киното велат дека јавноста за сите нови промени и одлуки, ќе биде навреме известена. Настаните ги откажаа и Младинскиот културен центар (МКЦ), киното Милениум и Кинотеката.
По вчерашната одлука на Владата за повеќе мерки како затворање на воспитно-образовните институции, студентските домови, базените, забрана за собирање до 1.000 лица и препорака за откажување на настани со публика до 1.000 лица, сите државни театри, Филхармонијата и Националната опера и балет (НОБ) ги откажаа репертоарите до 24 март.
„За сите нови термини навремено ќе информираме, а публиката која што има купено билети за некој од бројните настани во следниов период, истите ќе може да ги искористи за новите термини“, велат од МКЦ.
Б. НЕСТОРОСКА