СО ФИЛМОВИ ОД ШКОТСКА И КУБА ПОЧНУВА 17. ФЕСТИВАЛ НА ДОКУМЕНТАРЦИ МАКЕДОКС

    СО ФИЛМОВИ ОД ШКОТСКА И КУБА ПОЧНУВА 17. ФЕСТИВАЛ НА ДОКУМЕНТАРЦИ МАКЕДОКСМакеДокс со краткиот „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и со долгометражниот кубански „Кон Запад, во Запата“ на Дејвид Бим. (Фото: МакеДокс)

    Со проекциите на краткиот шкотски филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим, вечерва во 20:30 часот во Куршумли ан почнува 17. Фестивал на креативен документарен филм МакеДокс. Фестивалот ќе трае до 27 август  и ќе се одржува на повеќе локации: во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје.

    Фестивалското мото „Само сонот е стварност“ е наслов на песна од Тин Ујевиќ, но и на книга на една од македонскитенајзначајни македонски филмолози и филмски критичарки, Илинденка Петрушева (1944-2025). Специјален настан посветен на Петрушева со наслов „Така пишуваше Илинка“ ќе се одржи на 22 август, во 19 часот, во Сули ан.

    Документарците „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски и „Руини“ на Елена Чемерска ќе имаат македонска премиера на МакеДокс на 23 август односно на 24 август.

    Во нејзин спомен ќе се одржи разговор за филмот со некои од нејзините најблиски соработници и наследници на нејзиното дело: Влатко Галевски, филмски критичар и модератор на разговорот, Петар Волнаровски, главен и одговорен уредник на списанието „Кинопис“ при Кинотеката на Македонија, Саша Дуковски, доктор на правни науки, редовен професор и киноаматер и Русе Арсов, продуцент и програмски раководител на драмската програма при Младинскиот културен центар (МКЦ). Разговорот ќе биде проследен со проекција на краткометражниот филм „Кино Мортус“ во режија на Ивана Цветковска и продукција на школата „Докуникулци“ на „МакеДокс“.

    Земја во фокус годинава е Шпанија, а ќе вклучи и избор на кратки документарни филмови од Канарските Острови и експериментални краткометражни дела од Перу.

    Програмата ќе ја отвори „Амилкар“ на режисерот Мигел Еек, заедно со краткометражниот „Роење птици“ на Ксавиер Марадес на 21 август, во 21 часот, во Куршумли ан. Двајцата автори ќе бидат гости на 17. издание на МакеДокс и ќе одржат мастер-клас посветен на современите пристапи во креативниот документарен филм.

    Филмовите ќе се прикажат во шест програми: Главна програма, Нови автори, Земја во фокус: Шпанија, Кратки документарци, Студентска програма и Програма за деца и млади. На фестивалот ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет.

    Во програмата на фестивалот се предвидени работилници со наслов „Сè што ги обликува документарците“ со Мигел Еек и Ксавиер Марадес; Мастерклас со Алесандро Стелино со наслов „Збогум филмски критичари, здраво навивачи“, како и панел-дискусија за киното и за филмската критика со наслов „Филмска критика во ера на алгоритми?“ на која ќе учествуваат Марина Костова, филмска критичарка, потпретседателка на ФИПРЕСЦИ, Марина Д. Рихтер (Австрија) филмска критичарка, новинарка и фестивалска селекторка, Алфонсо Ривера (Шпанија) филмски критичар, новинар и член на ФИПРЕСЦИ Шпанија, Муртада Елфадл (САД) филмски критичар, новинар и селектор, додека модератор на панелот ќе биде Кристин Камдесу (Франција) управна и уметничка директорка на ФИПАДОК. Овие настани ќе се одржат во „Лабораториум“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира