СТЕФОСКА ЈА РАЗРЕШИ В. Д. ДИРЕКТОРКАТА НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА МАГДАЛЕНА РИЗОВА-ЧЕРНИХ

    СТЕФОСКА ЈА РАЗРЕШИ В. Д. ДИРЕКТОРКАТА НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА МАГДАЛЕНА РИЗОВА-ЧЕРНИХДарко Јан Спасов, Магдалена Ризова-Черних, министерката за култура Стефоска и Нора Шаќири-Марковиќ со дел од ансамблот на Театар Комедија. (Фото: Фејсбук на Ирена Стефоска)

    Министерката за култура Ирена Стефоска денска ја разреши Магдалена Ризова-Черних како в. д. директорка на Театар Комедија, како што соопшти Министерството за култура, „поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон“. Министерството вели дека Ризова-Черних и покрај укажувањето нe направила усогласување на Статутот на установа, согласно Меѓународната фраскатиева класификација.

    Актерката Магдалена Ризова-Черних на 26 ноември лани беше избрана за в. д. директорка на Театар Комедија, а драматургот Дарко Јан Спасов за уметнички раководител, откако вработените во Театарот се договорија со Стефоска. Тогаш Министерството објави и Јавен оглас за нов директор со полн мандат од 4 години.

    На 24 ноември, Стефоска ја разреши претходната в. д. директорка Нора Шаќири-Марковиќ, по што вработените протестираа па со министерката се договорија до изборот на нов директор, в. д. да е  Ризова-Черних, а уметнички раководител да е Спасов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира