УНЕСКО ВО ПАРИЗ УТРЕ ЌЕ ЈА ЧЕСТВУВА 100-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

    УНЕСКО ВО ПАРИЗ УТРЕ ЌЕ ЈА ЧЕСТВУВА 100-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИЈубилејот на Конески ќе се слави во седиштето на УНЕСКО во Париз. (Фото: УНЕСКО)

    Утре, во седиштето на УНЕСКО во Париз  ќе се одржи настан во чест на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески. Јубилејот е дел од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО, а настанот е закажан за 16 часот, и ќе може да се следи на следиот линк.

    Со настанот се прославува и Светскиот ден на поезијата – 21 Март, a утре ќе биде соопштен i лауреатот на годинашното 60. издание на Струшките вечери на поезијата, како и добитникот на наградата Мостови на Струга, која се доделува во соработка со УНЕСКО.

    Настанот е дел од Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”, која се реализира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Министерството за култура, во соработка со Министерството за образование и наука (МОН).

    „Со организирањето на овој настан, се враќа некогашната традиција со која одбележувањето на Светскиот ден на поезијата и соопштувањето на добитникот на Златен венец, највисокото признание на Струшките вечери на поезијата, како и на добитникот на Мостови на Струга, награда за најдобра дебитантска поетска книга под покровителство на УНЕСКО, се реализираат токму во Париз, во седиштето на оваа престижна Организација за образование, наука и култура при Обединетите нации“, вели Министерството за култура.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира