80-ГОДИШНАТА ДИЏЕЈКА ВИКА Е ЅВЕЗДА НА ЗАБАВИТЕ ВО ПОЛСКА

    80-ГОДИШНАТА ДИЏЕЈКА ВИКА Е ЅВЕЗДА НА ЗАБАВИТЕ ВО ПОЛСКА„Не гледам причина зошто мојата возраст би ги одредувала моите животни норми“, вели Вика, поранешна учителка за специјално образование (Фото: Ројтерс)

    Со црвен кармин и слушалки, на светкави чевли на платформа, 80-годишната диџејка Вика стои зад нејзиниот пулт и пушта музика во голем клуб во Варшава.

    „Не се грижам дали некому му пречи или не тоа што јас потскокнувам и играм зад миксетата, па не можам да пуштам музика и да стојам мирно. Кога пуштам музика, го чувствувам ритамот“, рече најстарата полска диџејка, Вирџинија Шмит и ги дигна рацете во воздух давајќи ѝ знак на публиката да ракоплеска.

    Секој понеделник, Вика музика за околу 1.000 луѓе во клубот „Хула кула“ (Фото: Ројтерс)

    Свесна за ефектот на подмладување на духот и телото кој го дава музиката, Вика веќе две децении ги забавува полските пензионери. Секој понеделник, таа пушта музика за околу 1.000 луѓе во клубот „Хула кула“ и им го подобрува здравјето на повозрасните лица, со музика од диско до рок и самба и балади.

    „Не влегувам во стереотипот на возрасна личност. Не гледам причина зошто мојата возраст би ги одредувала моите животни норми“, вели Вика, поранешна учителка за специјално образование.

    „Порано работев со млади луѓе и го задржав младешкиот дух. Мојата порака до младината е дека животот не завршува со 70 години. Тие ќе ми речеа: ‘Госпоѓо Вика, имаме 40 години, многу сме стари’. А јас им одговарав: ‘Јас сум дупло постара од вас. И не сум стара“, вели Вика за „Ројтерс“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира