82 ОТСТО ОД БОГАТСТВОТО СОЗДАДЕНО ЛАНИ ЗАВРШИЛО КАЈ ЕДЕН ОТСТО НАЈБОГАТИ

    82 ОТСТО ОД БОГАТСТВОТО СОЗДАДЕНО ЛАНИ ЗАВРШИЛО КАЈ ЕДЕН ОТСТО НАЈБОГАТИ„Бумот на милијардери не е знак за просперитетна економија, туку тоа се симптоми економски систем кој пропаѓа“, велат од Оксфам интернешнел, кој непосредно пред самитот во давос го публикување извештајот за распределба на богатството во светот. - Најбогатиот човек на светот Џеф Безос (Фото: АП)

    Повеќе од 8 долари од секои 10 долари создадено богатство лани завршило кај најбогатите еден отсто. Ова е според најновиот извештај на „Оксфам интернешнел“, меѓународна конфедерација на хуманитарни организции, која проценува дека кај 50 отсто од светската популација лани немало зголемување на богатството.

    „Оксфам“ вели дека трендот покажува дека глобалната економија е искривена во корист на богатите, наградувајќи богатство, место работа.

    „Бумот на милијардери не е знак за просперитетна економија, туку тоа се симптоми економски систем кој пропаѓа“, рече Вини Бјанима, извршен директор на „Оксфам интернешнел“.

    Шефот на групата за застапување тврди дека луѓето кои ги прават нашите алишта, телефони или ја произведуваат нашата храна се експлоатирани за да ги збогатат корпорациите и супербогатите.

    Студијата беше објавена непосредно пред Светскиот економски форум во Давос, а направена е според податоците од „Кредит Свис“ (КС) глобална база на податоци за богатство. Извештајот ги истакнува штетните ефекти од родовата нееднаквост, со податоци кои покажуваат дека мажите поседуваат повеќе земја, акции и друг капитал од жените.

    Растечката нееднаквост беше главна тема на самитот во Давос во многу претходни години. Според Оксфам сега е време глобалната елита да престане да зборува за нееднаквоста и да почне да ги менува нештата.

    „Тешко е да се најде политички или бизнис лидер кој не вели дека се загрижени за нееднаквоста. Но, уште потешко е да се најде некој кој нешто прави околу тоа. Многумина всушност ги влошуваат работите, со намалување на даноците и со намалување на работничките права“, вели Бјанима.

    „Оксфам“ вели дека владите треба да се фокусираат на политики кои ќе водат до пофер дистрибуција на богатството и да ги зајакнуваат работничките права. Ова може да вклучува воведување на загарантирана плата, поддржувајќи ги здруженијата на работници и нивите синдикати, и сузбивање на родовата дискриминација. Владите исто така треба да ја спречат даночната евазија, и да ги ограничи средствата што може да се вратат кај акционерите, како и да се ограничи платата на извршниот менаџмент, вели „Оксфам“.

    „Оксфам“ исто така вели дека даночната политика треба да е таква што ќе ги намали екстремните разлики во богатството.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари