„АЛКАЛОИД“ Е ЕДЕН ОД СТОЛБОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ВЕЛИ В. Д. ГЕРМАНСКИОТ АМБАСАДОР ГРАФ

    „АЛКАЛОИД“ Е ЕДЕН ОД СТОЛБОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, ВЕЛИ В. Д. ГЕРМАНСКИОТ АМБАСАДОР ГРАФКомпанијата ја посети германска економска делегација, составена од претставници на Министерството за економија на Германија и на германски компании, од потпретседателот на групацијата „БАСФ Централна и Југоисточна Европа“. (Фото: „Алкалоид“)

    „Алкалоид“ е успешна и организирана компанија, еден од столбовите на македонската економија, изјави в. д. амбасадорот на Германија, Ото Граф по денешната посета на фармацевтската компанија во Скопје,соопштија од компанијата.

    Во своите девет децении, „Алкалоид“ има долги години успешна соработка со германски компании. Голем дел од инсталираната опрема е снабдена од германски производители.

    Компанијата денеска ја посети германска економска делегација, составена од претставници на Министерството за економија на Германија и на германски компании, од потпретседателот на групацијата „БАСФ Централна и Југоисточна Европа“.

    Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов ги презентираше остварените резултати од работењето на„Алкалоид“, како една од најуспешните фармацевтски компании во Југоисточна Европа, нејзините пласмани, производственото портфолио и деловните операции.

    Како еден од брзорастечките извозни пазари на компанијата, Германија е од особено стратешко значење и пазар каде што „Алкалоид“ во 2022 година оствари пласмани од 3.014.328 евра, при што забележа раст од 6,6 % во однос на 2021 година. Посебен осврт беше даден за тридецениската стратешка соработка на „Алкалоид“ со компанијата „БАСФ“, европска мултинационална хемиска компанијаи најголем производител на хемикалии во светот, која важи за еден од најсигурните партнери на „Алкалоид“. Како компанија со најголема доверба воодноснаквалитетотнасуровините и која ги следи потребите на нашата компанија, „БАСФ“ е снабдувач на суровини во сегментите фармација, козметика и хемија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира