АЛКАЛОИД СО РАСТ НА ДОБИВКАТА ОД 7 ОТСТО И НА ИЗВОЗОТ ОД 9 ОТСТО ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАТА

    АЛКАЛОИД СО РАСТ НА ДОБИВКАТА ОД 7 ОТСТО И НА ИЗВОЗОТ ОД 9 ОТСТО ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД ГОДИНАТА

    Фармацевтската компанија „Алкалоид“ првите три месеци од оваа година остварила раст на нето добивката од 7 отсто, инвестирала нови 357,3 милиони денари и има 51 ново вработени.

    Според информациите од компанијата, извозот за првите три месеци од годината е зголемен за 9 отсто, а вкупната продажба на производите ја зголемила за 4 отсто во однос на истиот период лани.

    „Во периодот јануари–март, вкупната продажба достигнува 2,4 милијарди денари, што е за 5 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Продажбата на домашниот пазар е на исто ниво од лани, а вкупниот извоз е зголемен за 9 отсто. Од вкупната продажба 36 проценти се остварени на домашен пазар, а 64 отсто на странските пазари“, велат од „Алкалоид АД Скопје“.

    Најголем извоз Алкалоид има во земјите од Југоисточна Европа, каде е остварена продажба од 34 отсто, потоа 20 отсто во земјите од Западна Европа, а во Русија и другите земји од ЗНД остварен е извоз од 8 отсто.

    „Најзабележителен раст е остварен во САД со продажби од 49,8 милиони денари, односно извозот во САД е зголемен за 2,7 пати. Во Унгарија извозот е зголемен за 10 пати во споредба со истиот период лани“, велат од „Алкалоид АД Скопје“.

    Алкалоид во првите три месеци од годината најмногу продал производи од секторот фармација и тоа 85 отсто од вкупната продажба.

    Од фармацевтските производи најпродавани се ОТЦ препаратите, кои учествуваат со 19 отсто, потоа лековите за срце со 16 отсто, антибиотиците со 17 отсто, и невролошките лекови со 13 отсто.

    „Сегментот хемија, Козметика и Билкарство учествува со 15 отсто во вкупната продажба или поточно хемија учествува со 3 отсто, козметиката со 8 отсто и билкарство учествува со 4 отсто“, велат од „Алкалоид АД Скопје“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира