АМАЗОНСКИОТ РЕГИОН ПОБАРА ОД СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ДА ПОМОГНАТ ЗА ЗАШТИТА НА ДОМОРОДЦИТЕ ОД КОВИД-19

    АМАЗОНСКИОТ РЕГИОН ПОБАРА ОД СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ ДА ПОМОГНАТ ЗА ЗАШТИТА НА ДОМОРОДЦИТЕ ОД КОВИД-19Домородните групи кои живеат во Амазон се особено ранливи на надворешни болести (Фото: АФП)

    Градоначалникот на Манаус, најголемиот град во регионот на амазонските дождовни шуми, побара помош од светските лидери во справувањето со коронавирусот, што го доведе локалниот здравствен систем на раб на колапс.

    Припадник на племето Сатере-маве со смартфон (Фото: АФП)

    Артур Виржилио преку видеопорака се обрати до 20-ина светски лидери, вклучувајќи ги Доналд Трамп, Ангела Меркел, Емануел Макрон и Шинзо Абе и побара од нив да испратат медицински залихи во бразилската сојузна држава Амазон, која е тешко погодена од пандемијата. Амазон е дом на најголемиот дел од бразилските домородни народи и таму досега се регистрирани околу 650 починати од КОВИД-19.

    Амазон е дом на најголемиот дел од бразилските домородни народи и таму досега се регистрирани околу 650 починати од КОВИД-19. (Фото: АФП)

    Манаус располага со само еден оддел за интензивна нега, а опслужува територија четири пати поголема од Германија, додека болниците се принудени да ги складираат мртвите во камиони ладилници.

    Амазон не е густо населен, но тамошните домородни групи се особено ранливи на надворешни болести и имаат ограничен пристап до јавното здравство.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира