АМСТЕРДАМ ПЛАНИРА ДА ИМ ЗАБРАНИ НА ТУРИСТИТЕ ДА КУПУВААТ МАРИХУАНА

    АМСТЕРДАМ ПЛАНИРА ДА ИМ ЗАБРАНИ НА ТУРИСТИТЕ ДА КУПУВААТ МАРИХУАНААко Градското собрание го одобри планот, само Холанѓаните ќе може да купуваат марихуана од кофи-шоп. (Фото: АФП)

    Амстердам планира да им забрани на туристите да влегуваат во кофи-шоп и од таму да купуваат хашиш или марихуана, објавија градските власти. Јавниот обвинител, полицијата и градоначалникот Фемке Халсема изјавија дека со оваа мерка сакаат да го сопрат туризмот со дрога.

    Градските канали и Рембрант се едни од туристичките атракции, но голема е популарноста на продавниците за канабис и областите со црвени фенери за легална проституција. Во 2019, над 20 милиони туристи го посетиле градот кој има околу 800.000 жители.

    Ако Градското собрание го одобри планот, само жителите на Холандија ќе имаат пристап до овие продавници, а ќе мора да приложат лична карта или пасош.

    Во Холандија е легално купувањето хашиш и марихуана за лична употреба. Во принцип, само Холанѓаните смееја да купуваат, но Амстердам засега е исклучок од тоа правило.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира